Најави се / Регистрирај се Кошничка (0)
Немате ставки во Вашата кошничка.
Слика на Ткајачите на соништа од Техеран

Ткајачите на соништа од Техеран

Цена 199,00 ден
Категорија: Белетристика
Автор: Пјер Х.Лави
Димензии: 100/200mm -185 страници; брош повез

Ова е чудесната приказна на Саид Глифоруш (алиас), Ирански Евреин, трговец со теписи кој како дете ги изгубил своите родители во Техеран, Иран. Приказната на Саид го враќа назад во неговите денови во Техеран за време на Иранско-Ирачката војна. Саид, сираче, е фатен заедно со уште три други деца и едно девојче, сите муслимани, од еден Персиски трговец со теписи кој ги затвора во визба на југот од Техеран. Младите деца се присилени да ткаат ќилими кои тој потоа ги продава на пазарот во Техеран. Ова е приказна за тагата, болката, љубовта и надежта. Ја допира судбината на милиони деца кои се секојдневно експлоатирани во мемливите визби и темните тунели од страна на алчните трговци. Саид се надева дека оваа приказна ќе биде еден зрак на надеж во животот на тие милиони деца, негови браќа по судбин, кои секој ден ткаат соништа за слобода. Денес, Саид Глифоруш живее во Англија заштитен од Иранската револуционерна гарда со нов идентитет.

© 2017 Топер ДОО. Сите права задржани.

Powered by nopCommerce | Developed by Pro nopCommerce