Џорџ Рејмон Ричард Мартин — американски писател на романи и раскази во жанрот на фантазијата, хоророт и научната фантастика. Истовремено сценарист и телевизиски продуцент. Најпознат е по меѓународно популарниот серијал романи во жанрот на епската фантастика, Песна за мраз и оган, подоцна адаптирана на HBO во телевизиската серија Игра на тронови.
Бура на мечеви, третиот дел од чудесната сага Песна за мразот и за огнот, ремек-дело на современата епска фантастика, ја продолжува приказната почната во Игра на троновите и во брилијантното продолжение Судир на кралевите.